Најопасните голгетери од одбрана во последните 10 години

Стефан Раду и Џорџо Кјелини синоќа по 10 минути игра поставија резултат од 1:1 во финалето од купот на Италија. Иако главната работа на дефанзивците е да го бранат голот, тие често знаат и да решат натпревар.

Најголем цар за тоа е Серхио Рамос кој за една декада запиша 40 голови за Реал Мадрид. Ниту еден играч од одбрана не е попрецизен од него, а неговата специјалност се ударите со глава. Само 14-от негов гол го постигнал со нога.

Најблиску до него е Налдо од Волфсбург, кој претходно седум години настапуваше за Вердер. Бразилецот во Бундеслигата има постигнато 38 голови.

Бекот на италијанската репрезентација, Кристијан Маџо е трет. Тој дебитираше во Серија А пред 15 години и за време на престојот во Фиорентина, Тревизо, Сампдорија и сега Наполи постигна 31 гол.

Во Англија најопасно во шеснаесетник за време на корнерите е кога се мести да скока Џон Тери. Во последните 10 години тој постигна 28 голови и е најпрецизен дефанзивец во историјата на Челси.

Петтото место на најуспешни играчи во напад од одбрана го делат Хеико Вестерман и Лејтон Бејнс со по 26 голови. Вестерман ги постигна за Гројтер Фурт, Арминија Билефилд, Шалке и Хамбург, а Бејнс за Виган и Евертон.

Шести е левиот бек од Хамбург, Марсел Јансен со 24 голови, а еден помалку од него има Хавиер Мартинез. Шпанскиот репрезентативец од 2012-та е во Баерн, а претходно шест години настапуваше за Атлетик Билбао. Повеќе од пола од неговите голови се со глава.

Во друштво на најдобрите 10 голгетери од одбрана се Хоан Капдевиља кој за Депортиво и Виљареал постигна 23 голови. Исто толку има и Себастијан Пугрениер кој повеќето ги даде за Нанси, а додека беше на позајмица во Болтон во 2009 година на дуелот против Тотенхем го запиша јубилејниот 4.000 погодок за англискиот клуб.

21 мај 2015 - 17:46