Најлошиот клуб на светот ја предизвика Шпанија

Бразилскиот нисколигаш Ибис Спорт Клуб кој со скоро 4 години без победа влезе во Гинисовата книга на рекорди, доби голема желба да заигра против европскиот и светски фудбалски шампион Шпанија.

Шпанската фудбалска репрезентација со оглед на последните двете освоени европски и светското првенство минатата година, на Купот на Конфедерации во Бразил влегува како фаворит, а нивното присуство на турнирот сака да го искористи најслабата екипа на планетата и да заигра меч против нив.

Шпанија се наоѓа во група со Уругвај, Нигерија и Тахити, а првиот меч го игра во недела во градот Речифе во близина на Сао Паоло каде што е и седиштето на клубот Ибис, па најслабите фудбалери тука ја гледаат шансата за да се пресметаат со првата селекција од ранг листата на ФИФА.

„Ние сме достапни за нив во секое време. Ние веќе работиме напорно на тренинзите и ќе биде интересно ако се сретнеме со Шпанија", изјави претседателот на клубот Озир Рамос.

Ибис Спорт Клуб се натпреварува во втора дивизија во регионална лига во Бразил и никогаш нема освоено шампионска титула, а пред три децении ја заработи најлошата репутација во светскиот фудбал.

Клубот кој е оформен во 1938 година од работници кои произведувале памук, во периодот од 1980 до 1984 година не успеаа да победат во период од точно 3 години и 11 месеци и со тоа влегоа во Гинис како најлош клуб во светот.

Минатата година охрабрени од своите навивачи тие успеаа да се пласираат на 13 место на табелата, а нивната следна цел е пласман во прва дивизија во регионот каде што се натпреваруваат.

12 јуни 2013 - 17:50