Најинтересните факти за дебитантите во Премиер лигата

За трансферите на Фелаини во Манчестер Јунајтед и Озил во Арсенал кои во 5 до 12 го засилија средниот ред на Олд Трафорд и Емирати веќе знаете. Но пазете сега што се крие зад овие нови имиња кои ќе бидат дел од најелитната англиска лига во новата сезона.

Самуел Ето (Од Анжи во Челси)
Камерунскиот напаѓач кој во тимот на Анжи заработуваше 20 милиони годишно, во јануари оваа година го објави првиот дел од својата автобиографска комична книга каде раскажува како во детството продавал риба на улиците во родниот град.

Али Сисоко (Од Валенсија на позајмица во Ливерпул)
25 годишниот лев бек не ги мина медицинските прегледи во Милан во 2009 година откако италијанските доктори изјавија дека имал проблем со забите.

Фер Лерои (Од Твенте во Норич)
Холандскиот играч од средниот ред минатата година беше дел од насловните страници откако за сума од 22.000 фунти на неговата девојка и купи коњ. Инаку таа живее во стан, а нема ниту штала.

Грек Нун (Од Брајтон во Кардиф)
Овој дебитант во Премиер лигата пред пет години местел керамиди на кровот на куќата на Стивен Џерард, а сопругата на фудбалерот на Ливерпул го награди со газиран сок и колбаси. Слободното време го пополнувал како играч на петтолигашот Саутпорт.

Жорес Окор (Од Нордсјеланд во Астон Вила)
21 годишниот дански дефанзивец ќе остане запаметен по тоа што заспа за време на неговите лекарски прегледи и тоа во присуство на телевизиска екипа која го снимала.

Џорџ Бојд (Од Петерсборо во Хул Сити)
Шкотскиот фудбалер додека настапувал за Стивениж кој моментално е во третата англиска лига, работел во слаткарница на железничка станица. Бојд во минатиот јануарски преоден рок падна на лекарските прегледи затоа што носел леќи.

Разван Рат (Од Шахтјор Донецк во Вест Хем)
Тој е дел од англискиот премиерлигаш уште од мај оваа година, а за време на летото одговараше на телефонските повици во билетарата на клубот за да продаде повеќе сезонските влезници.

Виктор Ванама (Од Селтик во Саутемптон)
Првиот фудбалер од Кенија кој ќе настапува во Премиер лигата, на 14 годишна возраст како награда за најдобар играч на турнир добил пар патики. Тој претходно играл бос, затоа што неговите родители немале пари за да му купат патики.

Тијаго Илори (Од Спортинг Лисабон во Ливерпул)
20 годишниот дефанзивец го држи рекордот како најбрз фудбалер што значи дека е побрз и од Кристијано Роналдо.

3 септември 2013 - 14:38