На романскиот судија дома не му го одобрија автограмот во ЛШ

И покрај тоа што оваа приказна се чинеше дека е завршена со убав крај, имаме нова епизода поврзана со необичниот потег на судијата Совре, кој сепак не помина добро како што веројатно очекуваше.

УЕФА реагираше на тоа што романскиот судија Октавијан Совре му побара автограм на Халанд, но иако мечот е под нивна капа, кај нив тоа мина само со реакција, додека во Романија со казна.

Романската судиска комисија одлучи да го суспендира судијата, барем засега и тој нема да биде дел од мечот Универзитатеа Крајова – Клуж за кој беше делегиран овој викенд.

Како што е веќе познато помошникот судија побара автограм од Халанд после четвртфиналниот меч меѓу Манчестер Сити и Борусија Дортмунд, момент снимен со камера.

Гестот предизвика сомневања во неговата професионалност и непристрасност, а тој објасни дека тоа го направил за да го продаде на аукција и да собере пари за центарот за деца со аутизам во романскиот град Бихор каде што е волонтер.

Но и покрај ова логично оправдување сепак во својата земја не му помина специфичниот гест, а не му го одобри ниту првиот човек на судијата комисија на УЕФА, Марко Росети.

„Целта на УЕФА е судиите да бидат почитувани како и играчите. Работиме на тоа судиите да бидат луѓе со авторитет, полни со почит и професионалци. Како ќе ве ценат играчите ако вие барате потпис или од нив? Бараат ли тие нешто такво од вас? Ова е неприфатливо, се работи за достоинство“, изјави Росети.

Инаку романскиот арбитар всушност доби два автограми и на жолтиот и на црвениот картон.