На овие не им треба вирус за прекин, судија подели 8 црвени картони

Додека во Европа спортот се стиши, во Јужна Америка фудбал се игра па и топови да бијат. Еден меч од Копа Либертадорес донесе дури 8 црвени картони и масовна тепачка на терен.

Интересно е што во Копа Либертадорес за разлика од еврокуповите, два клуба од иста земја може да се најдат во иста група. Интернасионал и Гремио се дури и од ист град во Бразил. Нивното ривалство е едно од најжестоките во цела Јужна Америка.

Фудбалерите на овие два клуба го одиграа најлудиот натпревар досега сезонава во Копа Либертадорес каде фудбал се игра пред преполни трибини.

На стадионот во Порто Алегре каде Гремио го пречека Интернасионал имаше 50.000 гледачи а кулминација на тензијата се случи пред крајот на мечот кога за само 8 минути судијата додели дури 8 црвени картони!

Судијата Фернандо Рапалини уште во првиот дел поделил 5 жолти картони, а целиот хаос започнал кога при резултат 0:0 во 85’ минута пред линискиот судија се закачнале Пепе од Гремио и Моизес од Интернасионал:

Откако конечно војната завршила, по 4 исклучени фудбалери од двата тима (со двајца надвор од терен) тргнале на своја страна, а мечот завршил 0:0 со по 8 играчи на теренот од секој тим.