Мурињо за Балотели

Секогаш кога ќе си помислите зошто Марио Балотели и покрај тоа што го ругаат прави толку глупоштини, потсетете се на изјавата на Мурињо.

„За моите две години во Интер со Марио може да напишам книга од 200 страници. Книгата не би била драма, туку комедија. Се сеќавам кога бевме во Казан да играме натпревар од Лигата на шампионите. Бев во голема невоља, бидејќи сите напаѓачи освен Марио ми беа повредени. Ги немав ниту Милито, ниту Ето. Марио доби жолт картон во 42 или 43 минута и потоа на полувреме во соблекувалната 14 од вкупно 15 минути ги потрошив на него. Му реков: Марио не можам да те сменам, немам со кого, немам напаѓач на клупа. Немој никој да допираш, играј само со топката. Кога ќе ја загубиме топката, не реагирај. Ако некој те провоцира, не реагирај. Ако судијата направи грешка, не реагирај. Марио те молам. Во 46 минута доби црвен картон.“

17 ноември 2014 - 16:17