Мурињо плачел за клупата на Манчестер Јунајтед

Тренерот на Челси, Жозе Мурињо потајно сонувал за фотељата на Манчестер Јунајтед и бил до толку разочаран што Алекс Фергусон му дал предност на Дејвид Мојс, што дури пуштил и солзи.

Оваа недела во Шпанија од печат треба да излезе нова книга во која се тврди дека Мурињо плачел кога слушнал дека Мојс ќе го наследи Фергусон на клупата на Манчестер Јунајтед.

Тврдењето е изнесено во книгата "Preparense para perder" (Подготви се за пораз) од авторот Диего Торес кој е кореспондент за Реал Мадрид за најтиражниот шпански дневен весник El Pais од Мадрид.

Мурињо имал огромна желба да седне на клупата на Манчестер Јунајтед и бил уверен дека неговата блискост со Алекс Фергусон, како и блискоста на неговиот менаџер Жорге Мендес со шкотскиот стратег, ќе му ја гарантираат фотељата на Олд Трафорд.

Тој нема освоено ништо!", викал Мурињо кога дознал дека Фергусон му ја дал довербата на Дејвид Мојс.

Тоа биле најлошите денови на Мурињо на Сантјаго Бернабеу и тој бил до толку очаен што преку својот менаџер дури и се обидел да го стопира потпишувањето на договорот на Мојс.

25 септември 2013 - 09:23