Мотивирачка честитка од Гатузо до Елмас

Елиф Елмас доби нова шанса за настап кај Џенаро Гатузо кој на првите средби го игнорираше. Овој пат го стави во 67-ма минута, го пофали за настапот и на крај му влезе со гради за да му честита во свој стил.

„Елмас одигра одличен натпревар. Тој игра во средина, ама добро одбработи и странично“, изјави стратегот на Наполи. 

Инаку Наполитанците го елиминираа Лацио во четвртфиналето од Купот на Италија со 1:0, а Чиро Имобиле се лизна и утна пенал за израмнување.

 
22 јануари 2020 - 08:47