Моментот кој го расплака Гатузо во 2016-та

Славниот играч на Милан се пробива како тренер во Серија Б каде лани ја внесе Пиза преку плеј-оф. После сè што доживеал во кариерата како фудбалер, не можел да поверува дека еден ден ќе му се случи и нешто вакво.

Еден фудбалски натпревар според правилата трае 90 минути, но понекогаш знае да донесе и трето полувреме и тоа нетипично надвор од терен.

Такво саботно попладне лани се случи во Пиза, попладне во кое центар на внимание не беше познатата кула во Пиза, туку цел град беше околу клубот кој направи скок од втора во трета лига по пауза од седум години.

По победите над Новара и Бреша, Пица го играше третиот меч од Серија Б пред своја публика против Асколи, но поради одредени проблеми со стадионот кои на јавноста и останаа непознати, се играше зад затворени врати.

Тоа не значеше дека ќе нема навивање, напротив домашните навивачи беа уште помотивирани и го заобиколија стадионот. Фудбалерите на Пиза не можеа да ги видат, туку само да ги слушнат како пејат и грмат 90 минути.

За нив тоа беше мотивација плус и стигнаа до 3 од 3 на свој терен со триумф против Асколи од 2:1. Приказната околу тој 24 септември не завршува тука. Мечот заврши, навивачите славеа, но се бараше оној контакт очи во очи со актерите кои потоа покажаа огромен респект кој својата верна публика која и без можност да влезе на стадион направи спектакл.

Прво се прекачија преку ограда на трибината каде обично седат нивните навивачи, потоа го поминаа тунелот и се појавија на оградата на надворешниот дел од стадионот.

Прекрасна и исклучиво ретка сцена во фудбалот која може да се види и доживее само во помалите градови и екипи кои имаат голема душа. Сцена невидена ниту за нивното славно име кое ги води.

„После сè што направив и доживеав во кариерата никогаш не помислив дека токму во 2016-та ќе видам нешто вакво. Се возбудив многу и се криев бидејќи ми течеа солзи на очите и сакав моите играчи да ги соберат аплаузите. Тоа беше сцена како од други времиња. Јас сум романтичен и можеби сум роден во погрешно време“, рече Гатузо.

Џенаро Гатузо стана тренер на Пиза летото 2015-та и откако следната година ги внесе во Серија Б, пред стартот на сезоната поради недоразбирања си замина од клубот и по еден месец повторно се врати.

Вака изгледаа тие сцени на еден навидум обичен натпревар од кој овие видеа ќе бидат незаборавни за градот.

3 јануари 2017 - 13:15