Моментот кога Ал Келаифи пред полн стадион соопшти дека Мбапе останува во Париз

Сагата со моментално веројатно најјакиот напаѓач во светот заврши уште пред да почне летниот период за трансфери. Килијан Мбапе го откачи Реал Мадрид. Ла Лига ќе го тужи ПСЖ.

Веројатно на изенадување на многумина и на разочарување најмногу на навивачите на Реал Мадрид, Килијан Мбапе останува во ПСЖ со кој потпиша договор до 2025-та.

Ако после потписот на Халанд кој од следната сезона ќе го гледаме во дресот на Манчестер Сити, вториот долго најавуван трансфер на Мбапе во Реал пропадна и тоа само неколку дена откако Марка тврдеше дека готова е работата.

Објавата за неговото останување се случи на спектакуларен начин пред полна стадион на последниот меч на ПСЖ против Мец, а го соопшти претседателот на клубот Насер Ал Келаифи. Навивачите на „Паркот на принцовите“ експлодираа од радост.

„Ова е мојот дом, мојот град, како што и секогаш велев. Продолжувам со ПСЖ за да освојуваме титули заедно“, рече Мбапе. 

За сега нема официјална информација за деталите околу неговиот нов тригодишен договор, а шпекулациите се дека ќе го натопорат со 50 милиони евра годишна плата и со 130 милиони евра само за потписот.

Плус дека ќе биде привилегиран (ова малку чудно, а велат дека е вистинито), 23 годишниот Килијан да има право да учествува во клупски одлуките за смена на тренер, спортски директор, играчи...

Ла Лига денеска објави официјално соопштение во кое наведува дека ќе испрати тужба против ПСЖ и тоа на три места, бидејќи се сомневаат во нивното финансиско работење.

Според нив, францускиот првак не може да си го дозволи новиот договор на Мбапе, а да не ги прекршува правилата на финансискиот фер плеј утврдени од УЕФА. 

22 мај 2022 - 10:53