Моџи не оди во затвор, а Јуве си ја бара назад титулата

Поранешниот претседател на Јувентус, Лучано Моџи е ослободен од две обвиненија во врска со аферата Калчополи, а третата е отфрлена поради застареност.

Моџи е ослободен од две обвиненија за спортска измама за кои беше обвинет со затворска казна од две години и четири месеци како дел од познатиот скандал Калчополи од 2006 година по кој беше извалкан угледот, а беше намалена и гледаноста на италијанскиот фудбал.

На Јувентус тогаш му беа одземени шампионските титули освоени во 2005 и 2006 година и беше исфрлен во Серија Б. Клубот сега бара отштета од 433 милиони евра, како и враќање на едно Скудето.

Но судот заклучи дека сепак постоеле нерегуларности во изборот на судиите кои влијаеле на резултатите од Серија А и поради тоа тешко дека Јувентус ќе може да докаже дека е невин.

„Беа потребни девет години за да докажеме дека тие две сезони беа регуларни, дека судиската организација работела чесно и дека немало меѓусебни разговори. Девет години се зезавме по судови. Ова беше непријатно и на крај ништо не се реши“, изјави 77 годишниот Моџи кој куртули од затвор, но не и од доживотна забрана за занимавање со фудбал.

Со Калчополи кој се однесува на нарегуларни натпревари од сезоните 2004/2005 и 2005/2006 беше докажа вмешаност и кај Милан и Фиорентина кои добија казна од 8 и 15 бода.

Покрај Моџи, затворска казна избегна поранешниот директор на Јуве, Антонио Џираудо, а поради застарени случаи, не настрадаа ниту осомничените газди на Фиорентина и Милан, Андреа и Диего Дела Вале и Клаудио Лотито.

Од судиите ослободени се Бертини и Антонио Датило, но не и Масимо Де Сантис кој веројатно ќе остане единствениот со затворска казна од една година.

24 март 2015 - 17:37