Многу емоции и солзи на Анчелоти и Симеоне за Марадона

Карло Анчелоти и Диего Марадона никогаш не играа заедно, туку беа противници како играчи на Наполи и Милан на почеток на 90-те. Но стратегот на Евертон делуваше скршено додека му оддаваше почит пред мечот со Лидс, како да го испраќа најдобриот другар.

Сонародникот на Марадона, Диего Симеоне му оддаде почит на свој начин. Едноминутното молчење за идолот на сите времиња го прекина со силен аплауз.

 

29 ноември 2020 - 10:47