Миовски не мирува, 2024-та ја почна со гол и асистенција

Како што ја заврши старата, така и ја почна новата година. Македонскиот центарфор не престанува да импресионира во шкотскиот фудбалски шампионат.

На првиот меч за годинава, Абердин славеше 0:3 на гостувањето против Рос Каунти, а во два гола беше инволвиран Бојан Миовски.

Во првиот дел гостите водеа 0:2 со двата погодока на Џејми Мекграт на кој Миовски му асистираше при првиот гол, а на 10 минути до крајот стави точна на мечот.

За Абердин ова е шести триумф по 18 одиграни средби, а за македонскиот голгетер 9-ти првенствен погодок, како и вкупно 15-ти на сите натпреварувања.

Во следното коло кое е на програмата на 27 јануари, Абердин му гостува на третопласираниот Хартс.

3 јануари 2024 - 08:26