Мегваер и Де Хеа киксери на вечерта во Лига Европа

Манчестер Јунајтед не успеа да ја мине четвртфиналната фаза во ЛЕ против Севиља. Дома одигра 2:2, а на реваншот загуби 3:0 на свои грешки, недозволиви во нокаут фаза. Првиот гол на Шпанците им го подари Мегваер, а третиот Де Хеа. Хари не остана само на еден кикс. При вториот гол повреди свој соиграч. Неповторлив е.

Коментаторот на Арена: Може слободно да кажеме дека Мегваер е најлош фудбалер на Манчестер во последните 50 години.

Многумина се прашуваат зошто воопшто Де Хеа го проигра Мегваер кој беше опкружен од тројца. На оваа забавена снимка изгледа дека тој со рака му дава знак на голманот дека е слободен да ја прими, а потоа не знае што да и прави.

Севиља во полуфинале се среќава со Јувентус, а Рома со Баер Леверкузен. Првите дуели се играат на 11 мај.

21 април 2023 - 08:51