Марадона за Барези, облечен во негов дрес

Легендарни 15 секунди со фудбалската икона Диего Марадона во дрес од Франко Барези после натпревар меѓу Милан и Наполи, одигран во 1989-та, година во која Милан освои Куп на Европски шампиони, а Наполи Куп на УЕФА.

Диего, после секој постигнат гол облечен си во нов дрес?

„Овој дрес е од еден многу голем играч. Мислам дека Франко Барези е најјакиот дефанзивец. Ова ќе ми биде спомен кој ќе го чувам цел живот“, одговори Марадона.

Франко Барези, за да сфатат помладите е нешто како Паоло Малдини. 20 години кариера (1977-1997), сите посветени на Милан.

719 настапи, 17 трофеи од кои 3 во КЕШ или ЛШ. Малдини заигра со Франко на 16 години во сезоната 1984/1985. Осум години се разлика во години.

9 април 2024 - 12:06