Мане и Салах упропастија две чисти шанси против Лестер

По фантастичната серија од 28 меча на кои постигнаа 75 гола, фудбалерите на Ливерпул не успеаа да стрелаат, а тоа ги чинеше пораз од Лестер. Шмајхел им одбрани пенал.

Поразот на Ливерпул, втор сезонава во Премиер лига, значи ист број на бодови со Челси и зголемување на Манчестер Сити на лидерската позиција кој сега им бега 6 бода.

Јирген Клоп може многу да жали за овој кикс, особено ако се видат двете големи промашувања на неговите водечки луѓе во напад.

Во 55-та минута при резултат 0:0, Мане излезе пред голман и непречен од никого, го промаши цел гол.

Во првото полувреме Салах промаши пенал, а потоа имаше чиста прилика да му ја забие од одбиена на Шмајхел, но и тоа не му успеа.

Покрај пеналот, Шмајхел имаше уште една фантастична интервенција повторно во дуел со Салах.

Голот на Лестер вреден 3 бода.

29 декември 2021 - 10:18