Таг: мохамед салах

Со ваков лоб не можеш да се надеваш на полуфинале

Ако за некој тим можеше да се каже дека е фаворит во четвртфиналињата од ЛЕ и еден од главните конкуренти за трофејот, тоа сигурно е Ливерпул. Но Аталанта не е од вчера, а напаѓач од рангот на Салах не може да си дозволи ваква завршница, особено кога бркаат негатива од 0:3.

Велемајсторија на Нуњез и голем кикс на Куртоа, Ливерпул има 2:0 по 14 минути

Осминафиналето Ливерпул - Реал Мадрид, како реприза на финалните битки во 2018-та и 2022-ра, стартуваше спектакуларно со многу рано водство на домаќините од 2:0. Тибо Куртоа капитулираше очајно лошо во 4 и 14 минута, прво со Дарвин Нуњез кој му изрежира супер атракција, а потоа против Салах на кој практично му подари гол.

Салах ископира асистенција за клуб и репрезентација

Селекцијата на Египет е последниот полуфиналист во Купот на Африкански нации откако со пресврт го совлада Мароко (2:1). Гол и асистенција за Мохамед Салах, кој асистираше идентично како против Рома во Лига на шампиони. Во полуфинале се среќаваат со Камерун, а другата двојка е Буркина Фасо - Сенегал.

Рудигер vs Салах како Родман на времето со Мелоун

Главниот судија погоре, линискиот до него, никој ништо не суди, што значи можело со кошаркарски финти во фудбал. На крај успеа да го деконцентрира и не ни прими топка.

Мане и Салах упропастија две чисти шанси против Лестер

По фантастичната серија од 28 меча на кои постигнаа 75 гола, фудбалерите на Ливерпул не успеаа да стрелаат, а тоа ги чинеше пораз од Лестер. Шмајхел им одбрани пенал.

Шајката на Алкантара и мајсторскиот гол на Салах кој го седна противникот на газ

23 гола паднаа синоќа во Лига на шампиони, а за издвојување се двата од Енфилд Роуд, каде Ливерпул и пласиран го доби Порто. Тијаго Алкантара и Мохамед Салах приредија шоу за навивачите.

Салах мајсторе имај милост

Клаудио Раниери имаше „деби од соништата“ на клупата на Ватфорд и „само“ 0:5 загуби од Ливерпул. Хет-трик постигна Фирмино, ама спектаклот му се препишува на феноменалниот Мохамед Салах кој на осум меча по ред постигнува гол. Денешниот му беше ремек дело, исто како и асистенцијата до Мане.

Мајсторскиот соло продор на Салах од сите можни агли

Ливерпул и Манчестер Сити одиграа дерби по мерка со 4 гола и нерешен резултат. Сите зборуваат за голот на Мохамед Салах, кој не се гледа еднаш. Ливерпул на својот Јутјуб канал со право направи една ваква монтажа. Извонредно.

Необично емотивен момент на најдобриот другар на Салах кој го реши Марсеј

Олимпијакос уште еднаш покажа дека дома е многу јак ривал, па во првото коло од новата сезона во ЛШ со 1:0 го совладаа Марсеј. Емотивен момент имаше стрелецот на голот од Египет.

Го препознале Салах на бензинска, па на сите им платил бензин

Најдобриот фудбалер во Премиер лигата и најдобар играч на Африка, Египќанецот Мохамед Салах застанал на една бензинска во Саинзбури, близу Ливерпул. Бил облечен во клупска опрема, присутните го препознале и тој решил да плати бензин за сите што се затекнале на пумпите.

Падна компромис - Премиер лига се враќа на 17-ти јуни

Англиската Премиер лига се враќа и тоа во среда на 17. јуни кога ќе се одиграат два одложени меча од 28. коло.

Што прави Салах додека трае паузата во Премиер?

Едно видео на интернет ги изнасмеа сите, па дури и легендарниот Икер Касиљас.

Да е Македонец би го викале Добре

Во трка по тираж, англискиот жолт печат непрекинато пишуваше за некаков си конфилкт меѓу Мо Салах и Садио Мане, творците на најмоќниот Ливерпул во историјата. Некои египетски навивачи кои се дојдени на Светското клупско првенство во Катар, го прашаа Сенегалецот дали стварно има проблем со Мохамед?

Чудна утка на Салах, ама затоа после од кај го даде

Немаше синоќа некој еврогол во Лига на шампиони, ама затоа го имаше Мохамед Салах кој покажа колку немилосрден финиш има од позиција од каде не е баш нормално да се погоди.

Дави го, дави го Мохамед да не мрдне

Без разлика што газдата ги удри дебело по џеб, Наполитанците синоќа доста добро му се спротивставија на европскиот првак и си заминаа непоразени од Енфилд. Кулибали веројатно буквално си ја сфатил задачата, дека Салах не смее да му мрдне па во една акција место топка, вратот му го чуваше.

Срцка е Фирмино со хармоникава

Ливерпул го освои Супер Купот на Европа против Челси во Истанбул на пенали. Од денешните видеа поврзани за таа тема би сакале да споделиме две. Првово е цепки, погледнете бре колку јако ги измонтирале, особено Фирмино со тоа осмехот.

Откако Салах игра таму, во Ливерпул се намалило нетрпение кон Исламот

Едно научно истражување на Стенфорд Универзитетот покажало дека од доаѓањето на неверојаниот Египќанец во Ливерпул, во градот е намален криминалитетот и предрасудите за исламот за 19%. Благодарение на неговите голови.

Ќеркичката на Салах како татко ѝ, дава голови пред КОП

Се вика Мака. Ќерка е на најдобриот стрелец во англиската лига и најдобар фудбалер во историјата на Египет, Мохамед Салах. Во такви околности не може да не ја засака фудбалската топка.

Не се испуштаат вакви шанси во полуфинале

Возбудливото полуфинале меѓу Барселона и Ливерпул според сериозноста на шансите не требаше да заврши 3:0. Ќе си земеме за право да кажеме дека Салах и Дембеле се посрамотија во финишот. Ливерпул можеше да брка 2 гола негатива, ама и 4.

Лабаво со Салах за време на снимање реклама

Секогаш кога ќе утне некој цел гол од 7 метри должина и 2 метри висина, нека го ѕирне видеово на Салах и нека фати да вежба прецизност. Инаку тука Салах не носи копачки и е на снимање реклама за Пепси. Каква левица.

Пред точно 5 години Салах беше во Челси, а Мурињо кажа дека Мохамед бил изгубен човек

Во низата непромислени потези во својата тренерска кариера (Лукаку, Де Брујне, Мата....), најдобриот египетски фудбалер на сите времиња е најголем грев на Жозе Мурињо како тренер на Челси. Ден-денес пробува да се извади за тоа што не го играше Салах.

Ова што го испушти Ливерпул е неверојатно

Не знаеме дали е најсоодветна формулацијата: што промаши Ливерпул или што спаси Сити? Како и да е, ова е лудо и незаборавно. Сити води 1:0 на полуреме и со овој резултат е на -4 од Ливерпул, а ако влезеше ова на Салах, табелата во живо ќе изнесуваше +10 за тимот на Клоп. Навивачите на овие две екипи со слабо срце нека го баталат видеово.

Салах се запозна со слепиот навивач на Ливерпул

По објавата на видеото кое стана вирално а на кое еден навивач на Ливерпул му го прераскажува голот на другарот кој е слеп, најдобриот фудбалер на „црвените“, Египќанецот Мохамед Салах решил да го запознае Мајк.