Македонија повторно излезе од топ 100

Македонската фудбалска репрезентација падна четири места на најновата ранг листа на ФИФА.

Поразот на избраниците на Бошко Ѓуровски на квалификацискиот натпревар од Словачка на домашен терен им ја донесе 103-позиција на најновото ноемвриско рангирање на ФИФА.

Само две места под нас е репрезентација на Фарски Острови кој по сензационалната победа на гости против Грција напредуваше 82 позиции.

Од нашата квалификациска група за ЕП 2016 полош е само Луксембург кој се наоѓа на 129 место, а пред нас е Белорусија која скокна пет места и сега е 101-ва. Шпанија се наоѓа на 9-место, Словачка 21-во и Украина 26-то.

На врвот и натаму е светскиот првак Германија, потоа финалистот од Мундијалот, селекцијата на Аргентина, а по неа следуваат Колумбија, Белгија, Холандија, Бразил, Португалија, Франција, Шпанија и Уругвај.

27 ноември 2014 - 12:24