Македонија падна на дното

Фудбалската репрезентација на Македонија падна на дното од групата А од квалификациите за Светското првенство откако Шкотска изненади на гостувањето во Хрватска. На вториот натпревар од 7-то коло, Белгија ја совлада Србија.

Во претходните 6 натпревари репрезентацијата на Хрватска победија на 5 и само еднаш ремизираше, но овој пат тие беа шокирани среде Загреб од ослабената Шкотска. Хрватите го забележаа само вториот квалификациски пораз на домашен терен во историјата на нивната репрезентација.

На селекторот Штимац не му помогна ниту офанзивната тактика затоа што Шкотланѓаните успеаа да ги одбијат нивните налети, но и да постигнат погодок од нивната единствена сериозна шанса. Стрелец на победничкиот гол за Шкотска беше Робер Снодграс во 26-та минута.

Белгија го искористи киксот на Хрватска и со победата над Србија се зацврсти на врвот на групата.

Домаќините поведоа по 13 минути со голот на Де Бруин, а по еден час игра водството го зголеми Фелаини. На три минути пред крајот Коларов со гол од слободен удар го постави конечниот резултат.

Група А
1. Белгија 19
2. Хрватска 16
3. Србија 7
4. Велс(-1) 6
5. Шкотска 5
6. Македонија(-1) 4

8 јуни 2013 - 09:52