Лоб на Жезус ала Меси, страшен пас на Одегард и деби гол на Хаверц

Засилените Топџии тргнаа убедливо уште на подготовките пред новата сезона која ја стартуваат за три недели. 5:0 ги декласираа ѕвездите на МЛС со убавина од потези и голови.

Арсенал одигра пријателски натпревар против Ол стар тимот на МЛС лигата на стадионот Ауди Филд во Вашингтон и ги забавуваше своите навивачи со убав триумф од 5:0.

Во составот на Микел Артера дебитираа новите имиња Каи Хаверц, 115 милионскиот Деклан Рајс и Џуриен Тимбер од Ајакс.

Ако треба да се фати на ред на случувањата на мечот, тогаш дефинитивно се почнува со велемајсторијата на Габриел Жесус. 

А потоа аплаузи за асистенцијата на Мартин Одегард до Мартинели.

Деби гол постигна Хаверц.

 А за одбележувањето е и погодокот на Леандро Тросард.

Следните пријателски дуели на Арсенал во САД им се против Манчестер Јунајтед и Барселона. 

20 јули 2023 - 09:24