Љубовта кон Рома на 11 септември му го спасила животот

Сето тоа со помош на натпревар од Лига на шампиони, инаку пепел.

Ентони Ѕомпарели е единствениот италијански навивач кој не отишол на работа во кулите близначки во Њујорк на 11 септември, 2001-ва. А требал да оди, бидејќи било работен ден.

Се работи за навивач на Рома, чии родители во 70-те години се преселиле од Рим во Њујорк. Татко му го напуштил Рим, ама со себе ја однел и страста за Рома која му ја пренел на син му.

Среќната судбина за Ентони била тоа што Рома токму на кобниот ден за илјадници луѓе кои загинаа во терористичките напади во Њујорк, имала натпревар од ЛШ против Реал Мадрид. Ја давале на ЕСПН, во 14:00 според американско време.

Ѕомпарели сакал да ја гледа и така се спасил од сигурна смрт. Загинале 291 негов колега.

„На 11 септември 2001 зад себе имав 14 месеци како форензички сметководствен консултант и работев во Светскиот Трговски Центар на 100-ти кат. Се разбудив тој ден знаејќи дека сите високи менаџери во мојата канцеларија ќе бидат на пат. До тој момент, не пропуштив ниту еден работен ден. Но кога станав од кревет, знаев што треба да направам, а тоа е да останам дома и да ја гледам мојата сакана Рома. Се јавив во мојата канцеларија да оставам говорна пошта и реков дека нема да можам да одам на работа поради болест. Лажев.

За жал, тоа што требаше да биде за мене голем ден, се претвори во кошмар. Првиот киднапиран авион што удри во кулата, имаше импакт токму на 100-от кат каде работевме јас и моите колеги. Загубив 291 колега од кои 10 ми беа блиски пријатели. Тие прекрасни луѓе беа второ семејство за мене и секогаш ќе бидат во моето срце. Благословен сум што не бев на работа тој ден. Љубовта кон Рома ми го спаси животот“, раскажува Ѕомпарели.

Пријател на татко му кој обично им бил возач на играчите на Рома кога доаѓале во Њујорк, им раскажал за сторијата на Ентони, а тие побарале да се сретнат со него. Така успеал да се запознае со Фабио Капело, Валтер Самуел, Батистута, Томази.

Татко му му рекол дека ако бил навивач на Јуве или Милан, тој не би бил тука.

 

12 септември 2023 - 14:38