ЛШ: Решавачки гол на Балотели, ама не е Марио

Големото изненадување кое го приреди Вардар во квалификациите од ЛШ, не помина незабележано во странскиот печат. Еден од најпознатите светски портали специјализирани за фудбал направи штос токму од средбата во Скопје.

Кога новинарите на Гол.ком направиле преглед на резултатите и стрелците од синоќешните средби во 3. квалификациско коло од ЛШ, вниманието им го привлекол се знае кој, Балотели, еден од оние фудбалери за кој издвојуваат статија и кога ќе прдне.
 
Марио нема никаква врска со синоќешните квалификациски натпревари за Лига на шампиони, но ете ги повторно го ставаат, овој пат во поинаков контекст, со наслов на Фејсбук:
„Лига на шампиони: Решавачки гол на Балотели, ама не е Марио“.

Потоа кога ќе кликнете на насловот, внатре уште еден, малку поинаков наслов:
„Балотели даде гол во квалификациите од ЛШ...ама тоа е Бразилецот од Вардар“.

Се работи за коинциденција во квалификациите од ЛШ каде стрелец е Џонатан Балотели, бразилскиот напаѓач кој игра за македонскиот клуб Вардар.
 
Тоа не е нашиот Марио од Ница, туку само има исто презиме со фудбалерот на Вардар. Во 65-та минута од првиот меч во квалификациите за ЛШ, во манир на вистински бомбрадер тој го реши мечот против Копенхаген со прекрасен волеј удар во шеснаесетникот .
 
Џонатан Балотели е 28 годишен бразилски напаѓач кој по играње во својата земја се реши за нова авантура во Македонија. Неговиот гол му ги зголемува шансите на својот клуб за продолжување на европската авантура. Во очекување на головите на Супермарио, еден друг Балотели блесна на сцена, пишува Гол.ком.