Легендарната фотографија од Челси - Чарлтон во ’37-ма

Сем Бартрам, 25.12.1937, претпоставува дека неговиот Чарлтон го притиска Челси и 15 минути стои сам во магла на прекинатиот меч.

При резултат 1-1 на дуелот Челси - Чарлтон паднала толку густа магла што гостинскиот голман Сем Бартрам ги губел играчите од вид: „Гледав сè помалку и помалку фигури кога напаѓавме“, се сеќава Бартрам во неговата автобиографија.

По неколку минути сам на голот, еден полицаец му викнал: „Што правиш тука човеку? Мечот се прекина пред 15 минути. Теренот е целосно празен! ’Кога влегов во соблекувалната цела екипа веќе беше под тушевите и почнаа да ми се смеат на глас“.

26 декември 2016 - 08:35