Лацио - Баер Л. и Валенсија - Монако во битка за ЛШ

На денешната ждрепка во Нион беа извлечени плејоф средбите за Лигата на шампиони. Манчестер Јунајтед имаше најголема среќа.

Двојките Лацио - Баер Леверкузен и Валенсија - Монако се очекува да бидат најинтересните двојки во борбата за Лигата на шампионите. 

Лесна ждрепка имаша Манчестер Јунајтед кој е апсолутен фаворит за пласман и кам бек во најелитното клупско европско натпреварување.

Плејоф двојки за ЛШ:

Астаната - АПОЕЛ
Скендербеу - Динамо Загреб
Селтик - Малме
Базел - Макаби Тел Авив
БАТЕ Борисов - Партизан
Лацио - Баер Леверкузен
Манчестер Јунајтед - Клуб Бриж
Спортинг - ЦСКА Москва
Рапид Виена - Шахтјор Доњецк
Валенсија - Монако 

Првите натпревари се играат на 18 и 19 август, а реваншите се на 25 и 26 август.

7 август 2015 - 12:19