Купувајте карти за купот или отиде сезонската

Сопствениците на сезонски влезници за домашните натпревари на Манчестер Јунајтед добиле прилично чуден мејл од управата на клубот, кој сака на сила да го наполни стадионот и за дуелите од ФА купот.

Со заканувачки призвук, вработените во Олд Трафорд им пратиле мејл на навивачите, кои велат дека никогаш во историјата не биле така непријатно изненадени од саканиот клуб.
„Купете карти за дуелот од ФА купот меѓу Манчестер Јунајтед и Кембриџ или во спротивно нема да ви важи сезонската за следниот дуел против Сандерленд во првенството на 28. февруари“, стои во мејлот кој пред една недела го добил секој сопственик на сезонска карта за Олд Трафорд.
Натпреварот Ман. Јунајтед - Кембриџ се одигра вчера и „црвените ѓаволи“ славеа 3:0, со головите на Мата, Рохо и младиот Вилсон.
 
Јунајтед не се одлучи да постапи како градскиот ривал Сити, кој за дуелот со Мидлсброу од ФА купот реши значително да ги намали картите, по што за вчерашниот натпревар влезниците за возрасни изнесуваа од 31 до 53 фунти.
 
На Кембриџ, како и на секој гостин во ФА купот му следуваше 45% од вкупната заработка од продажбата на карти. Третолигашот вчера имаше околу 6 илјади свои навивачи на Олд Трафорд.
„Обичајот е таков од пред две години и го воведовме како почит кон сите натпреварувања каде игра нашиот клуб. Ако сопственикот на сезонска карта не купи влезница за еден натпревар од купот, автоматски му се поништува сезонската за еден натпревар од Лигата на шампионите или ФА купот. Токму затоа секој навивач треба да ни достави податоци од кредитната картичка во моментот на зачленување. Сè е објаснето во договорот за сезонска карта“, се правдаа од Олд Трафорд.
Резултатот: Вчера против Кембриџ, Олд Трафорд беше практично исполнет до крај, но очигледно не беше полн по заслуга на возбудливите настапи на Јунајтед сезонава.
 
Головите и хајлајтс дуелот Ман. Јунајтед - Кембриџ: