Ван Бастен на принудна пауза поради срцеви проблеми

Иако одржа уште неколку тренинзи во септември со неговиот Аз Алкмар, клупските лекари му наложиле да одмори од фудбалот и да се посвети на здравствените тегоби.

Авантурата на Марко Ван Бастен на клупата на холандскиот прволигаш Аз Алкмар е под знак прашалник, затоа што 49-годишниот тренер не може да го издржи напорот кој што го носи фудбалската професија. Клупските доктори го советувале да одмори од фудбалот затоа што преживувал многу стресни ситуациии покрај теренот.

Ван Бастен во Алкмар дојде минатото лето, откако го напушти Херенвен, и како поранешен селектор на Холандија со клубот од северна Холандија годинава играше во плејофот од Лига Европа, каде АЗ загуби од Атромитос. Поранешниот најдобар играч во Европа како фудбалер на Милан, извесно време се борел и со депресијата по смртта на неговиот татко, а како резултат на стресот имал и кардио проблеми.

Бомбардерот од Утрехт, како гласи прекарот на Ван Бастен сезоната ја почна со една победа и два порази. По неговото принудно напуштање, тимот на АЗ Алкмар ќе го водат помошните тренери Денис Хар и Алекс Пастор.

12 септември 2014 - 11:02