Коринтијанс конечно до континенталниот трофеј

По 102 години постоење, безброј титули во домашното првенство и еден трофеј од Светското клупско првенство, еден од најславните бразилски фудбалски клубови конечно ја освои титулата и од најпрестижното клупско првенство во Јужна Америка.

Коринтијанс ја запиша најславната страница во својата историја. Бразилскиот клуб е освојувач на Копа Либертадорес, јужноамериканската верзија на Лигата на шампиони.

Тие до трофејот дојдоа со победата од 2:0 на Бока Јуниорс откако пред една недела првиот дуел во Аргентина заврши со 1:1.

Како што и се очекуваше, натпреварот помина во напната атмосфера, а Емерсон дури и се обиде да му ја одгризе раката на Карузо.

Фудбалскиот Тајсон - Емерсон, беше јунак на натпреварот постигнувајќи ги двата гола во второто полувреме.

5 јули 2012 - 09:45