Коментарот за распоредот на ЕП 2016 кој држи вода

Распоредот во нокаут фазата вчера предизвика многу коментари и кај нас на Фејсбук, бидејќи пет европски сили ќе се требат уште од осминафинале. Еден вели: Да беа шпанците и енглезите први во своите групи ќе беа од другата страна на распоредот, а друг: Не може да бидат повластени победниците на групите А, Б, Ц и Д и да играат со третопласирани.

Каква бламажа е шемата, распоредот на елиминационата фаза на ЕУРО 2016!!!
Без да се размисли, без да се анализира, некој од ракав така му текна да истресе шема, кој со кого во 1/8 финале, кој со кого во 1/4 финале итн...

Кога се организира вакво натпреварување, каде што во елиминациона фаза влегуваат и 4 - те најдобро третопласирани репрезентации, потребно е некој сериозно да седне и да направи детална темелна анализа како да ја организира елиминационата фаза!

Не може да бидат повластени победниците на групите А, Б, Ц и Д, и да играат со третопласирани, а останатите со второпласирани. Мора и тука да има табела, па најуспешните првопласирани да играт против третопласираните.

Од прилика, тоа би изгледало вака:

- Во 1/8 финале, 4 - те најдобро третопласирани репрезентации треба да играт против 4 од 6 - те првопласирани кои имаат најдобар скор (со некакво вкрстување да нема дуели на тимови од иста група); Победниците од овие дуели, се тн носители во 1/4 финале и не можат да играат една против друга;
- понатаму, останатите 2 првопласирани екипи играат во 1/8 финале против 2 од второпласираните со најлош скор;
- останатите 4 второпласирани репрезентации играат помеѓу себе;
- победниците од последниве четири 1/8 - финални двојки играат против победниците од првите четири 1/8 - финални двојки.

За ова, се разбира требаше да се почека завршницата на групната фаза за да се направи шемата, распоредот за комплетната елиминациона фаза!

Ова сега изгледа едно големо ништо, катастрофа од шема, од ждреб за елиминациона фаза.
Ова што го пишувам, би изгледало вака, со име и презиме:

1/8 финале:
Хрватска – Северна Ирска (1);
Франција – Португалија (2);
Германија – Република Ирска (3);
Италија – Словачка (4);
Велс – Швајцарија (5);
Унгарија – Англија (6);
Полска – Шпанија (7);
Белгија – Исланд (8).

1/4 финале:
(1) vs (8) А;
(2) vs (7) Б;
(3) vs (6) В;
(4) vs (5) Г.

1/2 финале:
А – Г;
Б – В.

Тони Музоски

Осминафиналните двојки

23 јуни 2016 - 12:25