Кој е Усеин Болт во Премиер лига

Јунајтед “го забоде“ во срце Сити во градското дерби откако Маркус Рашфорд го легна Демикелис и ладнокрвно го совлада Харт. Но тинејџерот на Манчестер Јунајтед не е најбрз фудбалер меѓу Црвените Ѓаволи.

Неочекувано меѓу најбрзите тројца фудбалери на Олд Трафорд е Бастијан Швајнштајгер. Споре статистиката на EA Sports Player Performance Index, измерено е дека Германецот истрчал со 34,52 км на час.

Побрз од него во Манчестер е само Ентони Мартиал со трк од 35.4 км на час, а трет во составот на Ван Гал е Крис Смолинг со 34.47 км на час.

За време пробивот на Рашфорд во градското дерби измерено е дека трчал со 34.41 км на час, а број 1 сезонава во Премиер лигата по брзина е Џејми Варди на кои му се измерени 35.44 км на час.

10 најбрзи оваа сезона во Премиер лигата

22 март 2016 - 16:26