Клоп во жестока дискусија со новинар зошто рекол мал турнир во Африка

Ливерпул е немилосрден и меле во Лига на шампиони. Дури и во ситуација кога се пласирани понатаму во следна фаза, играат со речиси прв тим и најголемите ѕвезди Салах и Мане. Синоќа го добија Порто со 2:0. И сè беше добро по Клоп до прес-конференцијата после мечот.

Јирген Клоп неодамна кога одговарал на новинарски прашања, рекол дека е свесен дека нема репрезентативна пауза дури до март следната година и дека имало некој мал турнир во Африка во јануари.

Африканскиот Куп на Нации (како Европско на нашиот континент, ќе се игра од 9 јануари до 6 февруари) а тоа е период кога многу африкански играчи би можеле да заминат и европските тренери имаат мака со составите.

На новинарот му засметало зошто германскиот тренер рекол „мал турнир во Африка“ и дали знае дека тоа е навредливо. Јирген се уозбили и кажа дека прво англиски не му е мајчин јазик и дека зборувал за репрезентативните паузи, немал никаква лоша намера некого да навреди.

 

25 ноември 2021 - 09:44