Таг: новинар

Клоп во жестока дискусија со новинар зошто рекол мал турнир во Африка

Ливерпул е немилосрден и меле во Лига на шампиони. Дури и во ситуација кога се пласирани понатаму во следна фаза, играат со речиси прв тим и најголемите ѕвезди Салах и Мане. Синоќа го добија Порто со 2:0. И сè беше добро по Клоп до прес-конференцијата после мечот.

Новак пак се здроби од змеење со италијанскиот новинар

По седмата титула на Австралија опен, Новак Ѓоковиќ направи супер забавна прес конференција, имитирајќи еден италијански новинар како зборува англиски јазик. Ете го истиот кај Ноле на прес пред турнирот во Монте Карло. Прво му фрли два збора на италијански „Како си пријателе?“, а потоа го потсети на „not too bad“.

Италијанскиот новинар од епизодата со Ѓоковиќ и претходно имал циркуси

Важи за еден од најстарите новинари кои патуваат по турнирите. На „ти“ е речиси со сите тениски ѕвезди. За овој спорт пишува уште од ’70-те години а има анегдоти со Бекер и со незграпниот Настасе.

Врвен хумор на Ѓоковиќ со италијански новинар

Откако ја освои рекордната седма титула на Австралија Опен и стана првиот во историјата со ваков подвиг, Новак Ѓоковиќ собра сили и да се посмее со новинарите. Еден италијански новинар му постави прашање со карактеристичен изговор на англиски јазик, а Ноле му врати во сличен манир.

Не е новинарски нос за секаде да се бута

Колумбиски (веројатно) новинар известува од протест за легализирање на марихуана. Тој добронамерен, тие уште подобронамерни. Колку тој повеќе прашува, толку тие стануваат порасположени да одговараат и да го прифатат како свој. И би нивни.

Италијански новинар доби црвен картон на Бернабеу

Џорџо Кјелини не бил единствениот кој решил да ги провоцира мадридистите дека со мито ја завршија работата во четвртфинале. Познатиот новинар и водител на Медиасет, Мино Тавери им извади банкота на навивачите на Реал, а обезбедување го отстрани од трибина бидејќи можеше да дојде и до тепачка.

Анчелоти исмеваше нигериски новинар, па му се врати

Трофејниот италијански тренер Карло Анчелоти како ретко кога во животот не знаеше да се снајде во топ европски клуб па доби отказ. Неколку часа пред да добие клоца, Карлито надмено се потсмеваше со еден реномиран нигериски новинар.

По дуелот во Скопје, Арда Туран давел постар новинар во авион

Фудбалерот на Барселона на својот Инстаграм напиша долг пост во кој вели дека не се правда, само ја информира јавноста за инцидентот што го направил синоќа.

Новинар заспа на прес-конференција, Енрике го будеше

После победата на Барселона против Валенсија 4:2, англискиот новинар Стив Футерман од каналот CBS задремал на пресот кој го држел Луис Енрике. Тренерот на Барса се насмеал и прашал: ’Толку ли сум досаден’?

Роналдо фрли микрофон на новинар во вода

Португалија после две одиграни средби има мизерни два бода во конкуренција со Австрија, Исланд и Унгарија, селекција против која вечерва ќе мора да победат за да одат понатаму. Фрустрацијата од таквиот развој очигледно му смета и на Роналдо кој го искали бесот на еден новинар од португалскиот канал CMTV.

Брзопотезниот Луис Енрике на прес

По синоќешниот пораз од Валенсија кој удри печат на кризата на Барса, Луис Енрике беше прашан од новинарот Виктор Мало дали физичката спремност се одразува на лошите резултати. Енрике одговори: „Како ти беше презимето"? -Мало (на шпански значи лошо). „Така е. Следно прашање".

Внимавај што зборуваш пред таксист во Париз

Најпознатиот француски спортски новинар Пјер Менес раскажуваше кога последен пат го видел Тиаго Силва. Желба му било да го интервјуира капитенот на ПСЖ и бразилската репрезентација. Па во целиот разговор упадна и таксистот низ Париз.

Тешка е новинарската работа

Освен што треба да (пре)пишуваат извештаи за натпревари кои не ги гледале, новинарите понекогаш треба и да изгледаат по некој спортски настан. Или барем да го знаат резултатот. Ако не, барем да знаат кој победил.

Кога ќе изнервираш новинар

Еден бразилски новинар до толку се изнервира од одлуката на Жозе Мурињо да не присуствува на прес конференцијата пред финалето од шпанскиот куп, па својот бес го истури на брошурата на Реал Мадрид.