Клаудио Браво на 39 години ја има парадата на сезоната против Дибала

Бетис ја совлада Рома на Олимпико 1:2 и тоа со пресврт и има 3 од 3. Клаудио Браво ептен му го расипа ќеифот на Дибала кој ќе го имаше еден од најјаките голови сезонава во Лига Европа. Коментаторот повторуваше браво Клаудио, браво Клаудио и во еден момент се поднасмевна под брк.

Инаку по отворањето на резултатот на Дибала од пенал, 6 минути подоцна Гуидо Родригез испали проектил.

Мечот го реши Луиз Енрике со убав гол со глава.

Ѕаниоло на крај направи глупост и доби црвен.

7 октомври 2022 - 09:45