Таг: реал бетис

Асистенцијата на сезоната е резервирана за Иско

Бетис очекувано го збриша Арис Лимасол со 4:1 во ЛЕ и сега погледнете убаво како ја запечатија победата во 94-та минута. Бековска до Иско, па магија од пас до Абде Езалзули и тука завршува акцијата со две додавања.

Столе го прими евроголот на колото во Шпанија

Имаме понеделнички голчишта на ангро. Прво Аријан Адеми, па Трент Александер Арнолд и сега следува најјакиот, ремек делото на бекот Јусуф Сабали. За него ова е прв гол во дресот на Бетис кој го совлада Рајо Ваљекано со 3:1. Нема што да и прави на оваа топка Димитриевски.

Клаудио Браво на 39 години ја има парадата на сезоната против Дибала

Бетис ја совлада Рома на Олимпико 1:2 и тоа со пресврт и има 3 од 3. Клаудио Браво ептен му го расипа ќеифот на Дибала кој ќе го имаше еден од најјаките голови сезонава во Лига Европа. Коментаторот повторуваше браво Клаудио, браво Клаудио и во еден момент се поднасмевна под брк.

Спортски потег за воодушевување, на Бернабеу имаше двоен шпалир

Реал Мадрид и Бетис ја завршија сезоната во Ла Лига со најдосадниот резултат 0:0, ама одржаа лекција за почит. Вие нас се испочитувавте за Купот, ние ќе ви вратиме за титулата. Ретко убави сцени.

Убав гест на Барса за освојувачот на Копа дел Реј

Атлетико Мадрид викендов играше градско дерби кое го доби со 1:0, но не го испочитува Реал Мадрид на шампионски начин со шпалир. Каталонците тоа го направија за играчите на Бетис како освојувачи на Купот, вкупно трети во нивната историја.

Елиминациите на Севиља и Бетис во 112 и 121-ва минута

Три шпански екипи денеска ќе ја чекаат ждрепката за ЛШ, ама ниту една во ЛЕ. И двата претставника паднаа во продолженијата. Украинецот Јармоленко го елиминираше специјалистот за ЛЕ на 8 минути до крајот, а пенали не дозволија ниту фудбалерите на Ајнтрахт Франкфурт кои со помош на автоголот на Родригез, го шутнаа Бетис во последните мигови од средбата.

Мотивацискиот говор на Жоакин, вреден финале за Бетис по 17 години

Го паметиме по убавите времиња во Валенсија, каде беше еден од главните играчи. Потоа продолжи во Малага, па Фиорентина, но пред 7 години се врати во Бетис, онаму каде почна во младинскиот погон, а потоа играше во првиот тим (2000-2006).

Воодушевувачки гест на Аспас за време на прослава за гол

Изненадувачки резултати во Шпанија во пост новогодишното коло. Хетафе го совлада Реал Мадрид, а третопласираниот Бетис загуби дома од Селта. Јаго Аспас го реши мечот, ама и покажа голема почит.

Ремек дело на колото во Шпанија го имаше капитенот на Бетис

Бетис ја урна Гранада на гостински терен и тоа со луд гол на капитенот Серхио Каналес кој некогаш играше во Реал Мадрид. Десетката на гостите од Севиља направи соло продор каков што му успева само на Меси.

Новиот тренер на Барселона бил шахист, играл и против Каспаров

Барселона реши и отиде до крај - сред сезона го отпушти тренерот Ернесто Валверде и набрзо назначи негов наследник. Станува збор за интересен човек чија фудбалска филозофија е доста почитувана во Шпанија.

Помалиот син на Меси се израдува на гол на Бетис против Барса

Бетис синоќа неочекувано поведе против Барселона на Камп Ноу со гол на новото засилување Набир Фекир во 15’ минута, а помалиот син на Меси, Матео се израдува па доби укор од татко му и од Суарез.

Одбрана на Јан Облак што ќе ја гледаш одново и одново

Во 3’ минута од мечот Бетис - Атлетико Мадрид, гостинскиот голман Јан Облак направи фантастична парада и го одбрани ударот со глава на стоперот на домаќините Зухаир Федал.

Топката пола метро во гол, судијата вика нема гол

Реал Бетис синоќа ги собра веројатно најсреќните 3 гостински бодови со погодок во 89-та минута, ама со голема доза на судиска неправда. Навивачите на Хетафе рипнаа во судиското продолжение кога Леандро Кабрера му донесе 1:1 на својот тим, ама судијата или не виде дека топката е цела во гол или се направи наудрен. Шпанците немаат ВАР, ама зарем не користат видео технологија која ова го решава во секунда?