Ќе замижат ли за ова ФИФА и УЕФА?

Дрско и гласно свирење на македонската химна од почеток до крај, истакнување слика со Џемаил Хасани кој бил познат како платеник во втората светска војна да убива партизани и подготвени транспаренти со имиња на македонски градови од западна Македонија што асоцира на идејата за голема Албанија.

Ќе има ли казни за овие провокации кои немаат никаква врска со спорт или и ние да ја тераме вака на реваншот па да видиме дали ФИФА и УЕФА имаат исти или двојни аршини.

Инцидентите на квалификацискиот дуел за СП Русија 2018 меѓу Албанија и Македонија ги осудија и српските портали.