Кинескиот Итар Пејо смисли како да даде гол од слободен

После 5 месеци пауза се врати фудбалот во Кина. Уште во 6' минута од мечот Тијанцин Теда - Шангај СИПГ домаќинот поведе по една итроштина на Ронг Хао кој шутираше буквално по земја под живиот ѕид и во стилот на Меси го изненади гостинскиот голман. Ама гостите кои важат за фаворити за титулата, на крајот направија пресврт и славеа со 1:3.

28 јули 2020 - 09:06