Кил е во транс, невиден кикс на Баерн 19 години

Името на оваа екипа сигурно ви е асоцијација за ракомет, спорт во кој два дена пред нова година станаа европски прваци. Синоќа во фудбал го елиминираа Баерн Минхен на кој последен пат му се случило да испадне во второ коло од Купот на Германија во сезоната 2000/2001.

Фудбалерите на Кил направија сензација против европскиот првак и го исфрлија од Купот на пенали со вкупни 6:5. Десет пенали по ред завршија во мрежата, а првото и единствено промашување се случи во шестата серија откако не успеа да погоди Шпанецот Марк Рока.

Претходно прецизни за Баерн беа сите звучни имиња кој настапија против аутсајдерот, а тоа се: Левандовски, Кимих, Милер, Алаба и Коста.

Големата возбуда домаќините ја најавија уште во регуларниот дел од мечот во кој успеаа да израмнат на 2:2 дури во 95-та минута.

За Баварците ова ќе бидат прв пат после 2008/2009 да не се пласираат во полуфиналето од Купот на Германија.

Решавачкиот момент

Пеналите

Хајлајтс

14 јануари 2021 - 10:04