Каталонците сè почесто ги крштеваат децата Лео, второ најпопуларно име во цел регион

Најголемиот идол на целиот регион Каталонија е причина што сè повеќе парови се решаваат своето новороденче да го крстат по најголемиот фудбалер на сите времиња.

Каталонскиот институт за статистика претстави уште еден доказ за тоа колку е снажно влијанието на Лионел Меси врз целиот регион.

Според податоците на овој Институт кој пред неколку месеци имаше неверојатно интересен предизвик околу бејби-бумот кој настанал благодарение на голот на Иниеста против Челси во Лига на шампиони, во 2019-та година 500 деца во цела Каталонија го добиле името Лео.

Очигледна е врската со капитенот на Барселона и еден од најдобрите фудбалерите на сите времиња.

Во 2000-та година кога Меси со родителите дошол во Барселона, во Каталонија само четири деца биле крстени Лео. Во следната 2001-ва ниту едно новороденче не добило име Лео.

Во 2004-та година кога Аргентинецот дебитираше за првиот тим на Барселона, име Лео добиле 11 дечиња (262-ро место по популарност на име).

Од тој момент па натаму, бројката на деца кои се крстени Лео само растела - во 2010-та веќе 136 дечиња се крстени Лео (64 место), во 2015-та 454 деца (11 место), во 2018-та - 459 (6 место), а во 2019-та дури 500 деца добиле име Лео (второ место во цела Каталонија по популарност).

Интересно, поголема популарност од Лео во Каталонија има само името Марк (не е поради Тер Штеген). 622 пара лани се решиле своето синче да го крстат Марк. На второ место кај женските имиња во Каталонија е името Јулија - 516 девојчиња.

Со вакво темпо името Лео наскоро може да стане и најпопуларно.

28 јули 2020 - 16:26