Карти за финалето на ФА купот паднаа од небо

Фудбалската асоцијација на Англија за последниот меч на островот за оваа сезона, реши да почасти два тикети гратис кои ги пронајде една баба во село.

Со помош на цивилната авијација, ФА лансираше две карти во вселената за финалето од ФА купот меѓу Арсенал и Астон Вила.

Ги закачија на балон од стадионот Вембли, а тие стигнаа до висина од 8.839 метри. Откако балонот пукна паднаа во селото Broad Oak.

Ги пронајде бабата на младиот навивач на Арсенал Џорџ Ламб.

„Кога се разбудив утрово, идејата дека ќе одам да го гледам финалето од ФА купот не ми пројде низ глава. Ова ќе биде моето прво појавување на Вембли и кога зборувам за тоа, од возбуда ми летаат пеперутки во стомак “, изјави 19 годишниот навивач.

Финалето меѓу Арсенал и Астон Вила се игра во сабота.

27 мај 2015 - 15:54