Како третолигаши се збогуваа со својот стадион

Навивачите на германскиот клуб Рот Ваис по 83 години нема повеќе да го бодрат клубот на истиот стадион на чие место ќе се гради нов. За последниот поздрав фудбалерите закажаа пријателска против Гронинген од Холандија против кој играа финале од Купот на УЕФА во 1991 година.

Нивните навивачи за чинот собраа 10.000 евра и ги потрошија за пиротехничко шоу кое не сме го виделе ниту на меч од прва лига. На трибините извадија и банер долг 100 метри на кој напишаа: “

“Откако бевте сведоци на нашите победи и солзи, ние ќе бидеме долго во светлината на нашиот последен ден“.

9 октомври 2014 - 15:22