Vamos Vamos Argentina

Како ќе изгледаат Меси и обновените гаучоси на Копа Америка

Цели 26 години Аргентина чека на трофејот од Копа Америка. Нацијата сонува како Меси го крева толку посакуваниот пехар. Со подновен состав ќе го напаѓаат тронот.

За девет месеци, колку што Меси помина надвор од репрезентацијата, Аргентина се обнови практично во целост. Од оние кои пред една година се мачеа на Светското во Русија останаа осум играчи (без Лео) - Таљафико, Ди Марија, Акуња, Отаменди, Армани, Дибала, Агуеро и Ло Челсо.

Меси тргнува во поход кон Копа Америка со совршено нова селекција.

СЕЛЕКТОРОТ НИКОГАШ НЕ БИЛ ТРЕНЕР ПРЕТХОДНО И ИГРА ФОРМАЦИЈА 4-3-3

Во август минатата година селектор на Аргентина стана Лионел Скалони, некогашниот помошник на Хорхе Сампаоли кој нема искуство како главен тренер. Пред четири години Скалони ја заврши својата играчка кариера во Аталанта. Во цела кариера играше во Шпанија и Италија, а се памети само по настапите во Депортиво (собра повеќе од 200 меча за Ла Коруња во Шпанија).

Во репрезентацијата немаше што да бара во конкуренција на Хавиер Занети па затоа одигра само 7 меча во средината на 2000-те години.

Минатата есен Марадона изјави дека со Скалони Аргентина ќе може да блесне само на Светско првенство во мото трки, но поранешниот асистент заслужено се пласираше на Копа Америка. Аргентина победи на 6 од 9 меча и прими само 5 гола, но мора да се признае дека противниците не беа на нивото.

Лионел Скалони ќе игра на Копа Америка во формација 4-3-3 која што ја постави и скоро на пријателските со Никарагва и Њуелс Олд Бојс. Селекторот на „гаучосите“ се потпира најмногу на Паредес и Ло Челсо кои ја држат средината на теренот и се одговорни за вертикални движења, но враќањето на Меси сега го менува системот.

Овие двајца и натаму се првотимци но: а) на последните натпревари одлично играше 25-годишниот Гидо Родригез од мексиканска Америка кој сериозно се наметнува да им се придружи на Паредес и Ло Челсо во улогата box-to-box; б) Скалони е свесен дека Ло Челсо игра помалку со топка кога е тука Меси.

Составот на Аргентина најверојатно би изгледал вака:

Армани (Ривер) на гол, во одбрана десно Саравија (Порто), лево Таљафико (Ајакс), стопери Пецела (Фиорентина), Отаменди (Манчестер Сити). Среден ред: Паредес (ПСЖ), Родригез (Америка), Ло Челсо (Бетис); Напад: Ди Марија (ПСЖ), Агуеро (Манчестер Сити), Лионел Меси (Барселона).

Во текот на средбите Скалони би можел да ги проба и варијантите 4-2-3-1 и 4-4-2. Тој досега најмногу се потпираше на високи бекови и брзи играчи, а Аргентинците на последните неколку средби играа со повеќе дијагонали.

ЅВЕЗДАТА НА ИНТЕР ДАВАШЕ ГОЛ НА СЕКОЈ МЕЧ, НО МЕСИ ГО ВРАТИ ДРУГАРОТ

Кога Скалони беше избан за привремено решение на клупата, никој не очекуваше дека нападот ќе биде негов најголем проблем. После Светското првенство Аргентина играше не само без Меси, туку и Игуаин ја заврши кариерата, а Агуеро и Ди Марија не добиваа повици во репрезентацијата.

Во исто време Икарди и Дибала ги играа најслабите сезони во кариерата баш кога им се ослободи место во репрезентацијата.

Главен херој на новиот напад стана 21-годишниот Лаутаро Мартинез кој постигна 4 гола на 6 меча и изгледаше подобро од кој било шпиц во репрезентацијата на Аргентина во последните неколку години. Пред една година Лаутаро играше за Расинг Авејанеда и постигна 20 гола за една сезона! Веднаш го купи Интер но тој во првата сезона на „Меаца“ ретко играше од почеток и постигна 9 гола. Но со заминувањето на Икарди би требало да биде прв шпиц.

Мартинез е одличен техничар, брз е, сјајно се отвора во простор и подеднакво добро шутира со двете нозе. На Копа Америка најверојатно ќе биде на клупата за резерви.

„Не ме викаа за цело ова време така што сомневав дека ќе добијам повик во репрезентацијата. Но во април Меси ми се јави и ме увери дека ќе добијам повик“, раскажал Агуеро минатата недела.

Веројатно истото се случило и со Ди Марија кој не играше за Аргентина после Светското 2018 и добил повик во исто време кога се вратил Лео. Така што во нападот се е по старо: Дибала е на клупа, Икарди дома, а Меси во шпицот со другарите.

МЕСИ СЕ ВРАТИ ЗА ТРОФЕИ, НО ЌЕ БИДЕ ТЕШКО

Стандардниот аргентински циклус во последниве 30 години вклучува пролет на големи турнири, смена на селектор и неколку години нова надеж - и така процесот се повторува.

Пред три години Лео Меси втор пат по ред најави пензионирање и крај на репрезентативната кариера после елиминацијата од големите турнири.

После Копа Америка 2016 Меси реагираше импулсивно: емотивен после изгубеното финале најави крај на репрезентативна кариера, но брзо се предомисли откако татковината го молеше да се врати.

„Многу ме критикуваа поради враќањето. Мојот шестгодишен син ме праша: ’Тато зошто во Аргентина толку се лути на тебе? Му одговорив дека тоа е само мал број на луѓе. Сакав да се вратам и сакам да освојам нешто со репрезентацијата“, рече Меси пред извесно време.

Лео освои сè што може да се освои на клупско ниво, но секогаш го следи споредбата со тоа дека Марадона освоил нешто и со репрезентација.

работата е во тоа што Аргентина е болно зависна од Меси и сите очекуваат тој сам да ги победи сите противници и да го донесе пехарот.

„Не знаеме каков стил повеќе ѝ одговара на нашата репрезентација, како ќе му одговара на Меси. Тој е најдобар играч на светот но ние не знаеме како да го искористиме“, рекол Николас Таљафико пред неколку недели.

Селекторот Скалони додека Меси не беше во репрезентацијата, склопи добра екипа и имаше добри резултати. Прашањето кое се поставува е како ќе изгледаат сега играчите покрај Лионел.

Аргентина има 14 трофеи во Копа Америка, но последниот го освои во далечната 1993 година со младиот Батистута.