Како Игор Штимац со помош на астролог ја однел Индија во Азискиот Куп

Ако некој не знае каде е и што прави поранешниот играч и селектор на Хрватска, Игор Штимац, тој е селектор на Индија уште од 2019-та. Тимот го бирал на многу необичен начин. Мисијата успешна.

На 9 јуни 2022-ра, 48 часа пред Индија да се соочи со Авганистан во клучниот квалификацискиот натпревар за пласман во Азискиот Куп, Штимац му пратил порака на астролот Бупеш Шарма од Делхи.

Во пораката му ги напишал имињата на 11-те првотимци со кои планирал да брка победа за пласман на престижното континенталното натпреварување.

Неколку часа подоцна, астрологот му одговорил со забелешки зад секое име кои гласеле: „Добар“, „Може да одигра многу добро, ама треба да се избегне прекумерна самодоверба“, „Потпросечен ден“, Многу добар ден за него, но може да стане агресивен“, „Не се препорачува за тој ден“.

Помеѓу мај и јуни минатата година, меѓу Штимац и Шарма биле разменети скоро 100 пораки.

Во една порака тој му го пратил датумот, времето и местото на раѓање на четворица играчи, од кои тројца ја претставувале Индија на Светското првенство за играчи до 17 години во 2017-та.

Во друга порака, Шарма му кажал на Штимац дека тоа не е идеален ден за одредениот играч од среден ред. Потоа Штимац побарал од него да ги спореди ѕвездите на тој играч со оние на тројца други играчи. 

По добиениот одговор, истиот играч го ставил на третото место според редоследот на предност и решил да не го стави како стартер, туку го пуштил во второ.

Инаку уште повеќе изненадува тоа што астрологот му бил претставен на селекторот од страна на генералниот секретар на Индиската фудбалска федерација, Кушал Дас.

„Го запознав на состанок. Шарма работеше за многу телекомуникациски компании и личности од Боливуд. Она што тој го презентира се астролошките тајминзи и моменталната фаза на играчи кои може да помогнат да се мотивираат луѓето да донесат правилни одлуки, изјавил Дас за The Indian Express.

„Тогаш бев загрижен дали Индија ќе се квалификува на Азискиот Куп, а исто така и Игор. Тоа не беше пријатна сицутација. За мене најважен беше пласманот. Затоа на Шарма му реков дека ќе те запознаам со селекторот и ако сака, може да ги искористи твоите услуги“.

The Indian Express пишува дека овие пораки го ставаат под знак прашалник интегритетот на процесот на селекцијата на индинскиот тим, како и тоа дека постои ризик „надворешниот соработник“ да ги злоупотреби имињата на фудбалерите.

Но целта Штимац ја остварил, бидејќи во периодот додека барал совети од астрологот, победил на три од вкупно четири меча. Ги совладал Камбоџа, Авганистан и Хонг Конг за пласман на Индија во Купот на Азија, а поразот му бил од Јордан на пријателски меч.

Овие откритија доаѓаат и кога Индија е во нагорна линија додека се искачува во топ 100 фудбалски селекции во светот.

13 септември 2023 - 14:52