Избришаниот твит за “местенката“ на УЕФА

Темата со наводно наместени ждрепки на големите фудбалски натпреварувања се почесто станува актуелна, но некој тоа треба да го докаже. На анонимниот твитерџија тоа дефинитивно не му успеа денеска.

Твитерџијата „CL Draw Manipulation" предвреме “ги погоди“ сите осминафиналние двојки од Лигата на шампионите и со тоа сакаше да го убеди светот дека денешната ждрепка е чиста местенка.

Но теориите на заговор за кој пишавме навистина му паднаа во вода со евтина финта. Еве ги сите можни комбинации со Барселона кои ги твитнал вчера, а денеска ги избришал и ја оставил само таа што беше извлечена во Нион.

Инаку непознатиот твитерџија кој сакаше да докаже дека Европската куќа на фудбалот се служи со манипулации, собра скоро 20.000 следбеници на Твитер. Но сега му преостанува да открие кој од нив го изманипулира со принт скринот на Барса.

16 декември 2013 - 18:06