Итрите трикови со високата трева - не косат кај корнерите и противникот не знае

Ливерпул првпат од 1963 година прими дури 7 гола во англиското првенство и тоа од просечната Астон Вила. Дебакл каков што не се памети. После мечот Јирген Клоп потиштено призна дека екипата многу грешела и не барал оправданија. Ама има кој најде алиби.

Грем Сунес, поранешен капитен на Ливерпул и тренер на многу англиски клубови а денес стручен коментатор на Sky Sports, неосновано рекол дека на „црвените“ им сметала високата трева на „Вила Парк“.

„Сигурен сум дека Астон Вила намерно ја раснела тревата повеќе отколку што треба да биде, за да ги успори движењата на противникот. На сите топ екипи им треба кратка трева, побрз терен. Овој тревник не изгледаше добар за брза игра“, рекол Сунес во студиото на Скај.

Водителот Дејвид Џонс рекол дека Сунес се обидува да ја префрли вината на другите, а Еди Милс, еден од вработените во Астон Вила кој е одговорен за состојбата на теренот го демантирал Сунес:

„Необразованите коментари на Грем Сунес за теренот на Вила се навредливи за сите работници на теренот кој напорно се даваат себеси ширум земјата и кои срце и душа оставаат за нивната горда работа!“

А глупите коментари на Сунес ги демантираат и правилата на Премиер лига според кои е пропишано должината на тревата да не поминува 30 мм - официјалните делегати пред секој меч ја мерат и проверуваат тревата.

„На крајот, 30 мм е многу. Обично клубовите ги држат тревниците во рамките од 20-22 мм. Но да, правилата дозволуваат да ја пуштите тревата и повисока за да ја успорат играта“, рекол некој агроном кој работи во топ клуб во Премиер лига за Training Ground Guru.

ЧУДНИОТ ПОДЕМ НА КЕМБРИЏ ПОРАДИ ИТРИНА

На почетокот на ’90-те години фудбалскиот клуб Кембриџ Јунајтед неочекувано се воздигнал: прво ја освоил четврта лига, па после и трета (денес познати како League 1 и League 2). Голем удел во успехот имал тренерот Џон Бек и неговите мали трикови.

Тој ги замолил косачите на трева да не ја косат тревата кај корнерите па топката нагло успорувала или се заглавувала поради густината на тревата. Крилните играчи на Кембриџ го знаеле тоа и имале време да се наместат и за во одбрана и за во напад.

Во мај 2000. година Велс планирал ист трик на меч против Бразил и тоа на барање на селекторот Марк Хјуз. Агрономите не ја коселе тревата кај аглите од теренот, а велшкиот селектор отишол уште подалеку: барал да не ја косат многу и покрај аут линиите, па се надевал дека така ќе ги сопре брзите бразилски крила да не летаат со топката. Но не му успеал планот, кариоките лесно победиле.

Во јануари 2019-та година ривалите го обвинуваа Ливерпул дека го оставил премногу густ тревникот на „Енфилд Роуд“. Сити еднаш изгуби 2-1 од тимот на Клип, а водителите на каналот The Anfiled Wrap рекле:

„Тревата изгледаше лошо. Теренот изгледаше како буквално да е создаден за една работа - да ја спречи екипата да игра со брзи пасови.

Пеп рекол:

„Имам толку многу проблеми во глава за да мислам уште на тревникот. Тимот на Клоп сака да игра брзо, но ние сакаме да играме уште побрзо“, одговорил Гвардиола.

Неколку недели подоцна и Ливерпул се нашол во ситуација „како за нив така и за нас“. Им дошол на гости Лестер со Џејми Варди, главна екипа за контранапади во лигата. Во Ливерпул тој ден паѓал снег па работниците на паузата дошле да го чистат теренот, ама само таа половина каде Ливерпул напаѓал во второ полувреме.