Историски трофеј за Интер Мајами, бомбастичен гол на Меси

Проектот на Дејвид Бекам составен од мини Барселона во која играат неприкосновениот и незаменливиот Лео Меси заедно со Бускетс и Алба, се движи како по филмска лента.

Интер Мајами испиша историја и го освои првиот трофеј од формирањето на клубот. Се работи за Лига Купот за кој во финалето се бореа против Нешвил.

Го добија на пенали и тоа после дури 11 серии и победа од 10:9, откако во регуларните 90 минути резултатот беше 1:1.

Резултатот го отвори неверојатниот Меси во 23 минута со нова мајсторија, а израмни Пиколт во вториот дел.

За капитенот и лидерот на тимот ова е погодок број 10 на првите 7 меча за Интер Мајами.

Ова не беше историска ноќ само за Интер Мајами, туку и за Меси кој го надмина рекордот на Дани Алвеш и станаа најтрофеен фудбалер во светот со страшна бројка од 44 трофеи. 

 

20 август 2023 - 08:53