Таг: интер мајами

Топка со очи на Бускетс, два гола на Меси, мајсторија на Суарез

Нов натпревар на Интер Мајами, ново шоу на ѕвездите од Барселона кои привлекоа 65.000 гледачи на гостувањето против Њу Ингланд во Масачусетс, што е рекорд за овој стадион.

Велелепна асистенција и неодбранлива бомба на Меси

Интер Мајами ја прекина серијата од 5 меча без победа, а за тоа се погрижија Меси, Суарез и Гомез кои со 2:3 го добија гостување против Канзас Сити. Убави два гола за домаќините постигна Ерик Томи. Ова беше трет најпосетен натпревар од регуларниот дел од сезоната во МЛС лигата во историја. Голеадата ја следеа скоро 73.000 гледачи.

Мајами шоу во режија на Меси и Суарез како двојни стрелци

Добро му тргна на стариот многу добро познат танде од Камп Ноу. Во 3. коло од МЛС, Интер Мајами го декласираше Орландо 5:0. Меси даде два гола, а Суарез два гола и две асистенции. Меѓу стрелците се запиша и Тејлор.

Триумф на Интер Мајами во режија на Меси кој успеа и легнат играч да издрибла

Хитот на Дејвид Бекам со победа над 2:0 против Риал Солт Лејк ја стартуваше новата сезона во МЛС. Стрелци беа Диего Гомез и Роберт Тејлор, а шоуто и без да биде стрелец го приреди се знае кој. Цела поранешна четворка на Барса беше во прв тим. Одиме со ред.

Ал Наср го понижи Интер Мајами со 6:0, Лапорт даде гол од 70 метри

Беше најавувано како шоу меѓу Роналдо и Меси, но Португалец не играше поради повреда, а Меси влезе во 84 минута. Но и без нив, пријателската меѓу екипите кои се прославија поради двете мега ѕвезди, заврши со спектакл од 6 комада, сите во мрежата на тимот од САД. Хет-трик на Талиска и лудачки лоб на Лапорт од своја половина.

Голеада меѓу Ал Хилал и Интер Мајами, деби гол на Суарез

Ал Хилал славеше против Интер Мајами со 4:3 на пријателски меч кој беше решен во 88 минута со голот на Малком. Резултатот отвори Митровиќ, а меѓу стрелците за американскиот тим беа Меси и Суарез.

Првото акцииште на Интер Мајами во изведба на четворката од Барселона

Луис Суарез дебитираше за Интер Мајами во подготвителен меч против Салвадор кој заврши без голови. Славната четворка од Барса режираше акција која ќе беше топ тема, доколку Меси на крај реализираше. Нафрли Алба до Суарез кој со повратна топка го најде Бускетс. Следуваше маестрално двојно проигрување меѓу Бускетс и Меси.

Интер Мајами во страшна контра, Меси затвори очи

Без Лео Меси, Интер Мајами е никој и ништо. Додека тој е повреден, не можат да победат и на последниот меч одиграа 1:1 против Њујорк Сити. Погледнете ги слепциве што контра напад изведоа.

Врвна мајсторија на Интер Мајами, овој пат не во изведба на Меси

Интер Мајами во отсуство на Лео Меси е декласиран од Атланта Јунајтед со 5:2. Двата гола за гостите ги постигна Леонардо Кампана. Едниот за чиста 10-ка.

Една фудбалска уметност снимена од навивачки агол

9 меча, 11 гола, 3 асистенции. Тоа е стартот на човекот кој 20 години го игра фудбалот на посебен начин. Да не знае човек на што попрво да се воодушеви. Додавањето на Жорди Алба, снаодливоста на Меси во шеснаесетник или на совршено интелигентиот пас по кој доби повратна за гол. Да не си им во кожа на дефанзивците.

Ново шоу на Меси и другарите со гол во 97-ма минута па пенали

Осми меч, осма победа по ред на Интер Мајами под водство на Лео Меси, кој повторно имаше блескав настап, овој пат со две клучни асистенции вредни продолженија.

Добар гест на Меси со пехарот

И покрај тоа што веднаш, уште на старт му ја дадоа капитенската лента, Лионел Меси потсети кој ја имаше таа улога пред него и му ја предаде на ДеАндре Једлин, за потоа заедно да го кренат првиот пехар во историјата на Интер Мајами. Човечен гест.

Како изгледаше пресот на Тата Мартино?

Интер Мајами е во транс откако го освои првиот трофеј од основањето на клубот. Фудбалерите му упаднаа на тренерот на средбата со новинарите и го направија потоп.

Историски трофеј за Интер Мајами, бомбастичен гол на Меси

Проектот на Дејвид Бекам составен од мини Барселона во која играат неприкосновениот и незаменливиот Лео Меси заедно со Бускетс и Алба, се движи како по филмска лента.

Како е можно да изгледа составот на Интер Мајами?

Велат дека со Иниеста и Жорди Алба договорена е работата, но ако на крај излезат точни муабетите и за другите, тогаш дефинитивно овој тим ќе биде многу интересен за гледање.

Најдоброто од Меси на дебито за Мајами

Американците беа сведоци на деби настап на Лео Меси за уживање, особено во финишот од средбата кога распали од слободен и му донесе победа на Интер Мајами против Круз Азул. МЛС скоцка видео само со најинтересните моменти од неговиот прв меч во САД.

Голманот пајак што фати два пенали

Интер Мајами е нов прволигаш во МЛС американската лига. Еден од сопствениците е Дејвид Бекам. Клубот слабо ја тргна сезоната, имаат учинок 2-2-6. Синоќа победија против Атланта Јунајтед 2-1 благодарение на голманот Луис Роблес кој одбрани 2 пенали. Првиот беше поништен па се изведе втор, Роблес му го фати и тој на Езекјел Барко.