Интер го доби Волфсбург, Рома против Фиорентина

На денешната ждрепка во Нион беа извлечени осминафиналните двојки за Лига Европа која донесе по една шпанска и италијанска пресметка.

Откако фудбалерите на Торино со 3:2 го шокираа реномираниот Атлетик Билбао, во осминафиналето од второто по ранг клупско европско натпреварување, добија нов силен противник, Зенит. 

Ждрепката во Нион ни донесе неколку интересни битки кои се очекува да бидат многу неизвесни. Големо внимание привлекува противникот на Интер кој ќе се судри со Волфсбург, второпласиран тим во Бундес лигата.

Во топ 16 фазата ќе има две пресметки кои ќе се водат во две земји. Севиља се падна со Интер, а Фиорентина ќе се соочи против Рома.

Лига Европа 1/8 финални двојки:

Евертон – Динамо Киев
Днипро – Ајакс
Зенит – Торино
Волфсбург – Интер
Виљареал – Севиља
Наполи – Динамо Москва
Клуб Бриж – Бешикташ
Фиорентина - Рома

27 февруари 2015 - 13:50