Инцидент во Катар, Самуел Ето му влезе на снимател со нога во глава

Легендарниот камерунски напаѓач кој со Пандев ја славеа тројната круна во Интер, се посрамоти на Светското за сите пари. Прво се сликаше со група навивачи, а во еден момент нападна снимател и му влезе дрско со колено во глава. Не можеа да го задржат.

Инаку Самуел Ето е претседател на Фудбалската федерација на Камерун, а некои медиуми пишуваат дека дечкото со камерата е Јутјубер од Алжир. За сега нема информации од што се испровоцира толку славниот напаѓач.

6 декември 2022 - 09:12