Импресивниот Бензема кој го стигна Раул со три сезони помалку

Во својата 34-та година, Карим Бензема дефинитивно ја игра сезоната на кариерата. Прв стрелец е во Ла Лига која ја освои, прв во ЛШ каде ќе игра во финале, импресионираше со хет-трикови во нокаут фаза и како капак на сè го стигна легендарниот Раул на вечната листа на стрелци во Реал.

Човекот кој беше потценет и во сенка на Роналдо стигна до 323 гола во дресот на Реал Мадрид и со тоа стана втор стрелец во 120 годишната историја на кралскиот клуб. Неодамна го мина легендарниот Алфредо Ди Стефано, а од синоќа ја дели втората позиција со легендарниот Раул.

Несомнено е дека и тој целосно го заслужува статусот на клупска легенда. Бензема и Раул играа само една сезона заедно, а тоа беше прва на Французинот на Бернабеу, а последна на Шпанецот.

Ова што вреди да се напомене е дека Раул до бројката од 323 погодоци дојде за 16 сезони или поточно на 741 меч, а на Карим му беа потребни 13 сезони или 603 натпревари.

Само во последните четири сезони откако Роналдо го напушти Мадрид тој целосно се отвори и постигна 131 погодок, што на некој начин се покажува дека со Кристијано се гушел и немал толку простор да се истакне.

Во последните две сезони во Реал, Роналдо имаше 42 и 44 голови, а Бензема во истите дал 19 и 12.

Оваа сезона му е како од соништата бидејќи стигна до импресивни бројки кои никогаш претходно не ги остварил. Има вкупно 44 гола на 44 средби. Прв стрелец е во Ла Лига со 27 погодоци и прв во ЛШ со 15, пред гол машина како Левандовски кој има 13.

Во нокаут фаза ги растури ПСЖ и Челси со хет-трикови, а потоа со гол во продолжение го исфрли и Манчестер Сити.

Инаку францускиот голгетер пристигна во Реал од Лион во 2009-та за сума од 35 милиони евра и има освоено 21 трофеј од кои по 4 титули во Ла Лига и ЛШ.

Голот број 323

13 мај 2022 - 11:15