Името на Руни е заштитено за Велигден

Страствена навивачка на Манчестер Јунајтед од што е збрлавена по својот омилен клуб, крстила се живо по дома по нејзините најомилени играчи, но кога се обидела да го изненади најмалиот син и ја кажале најглупавата забрана.

Џени Сколс, која веројатно по некоја случајност се презива како легендарниот фудбалер на Манчестер Јунајтед, своето дете го крстила по напаѓачот Руни и негово целосно име и презиме е Руни Сколс.

Нејзината желба била за Велигден на нејзиниот 3 годишниот син да му купи чоколадно јајце на кое ќе биде напишано неговото име. Услугата ја побарала во слаткарница во Манчестер, но добила одговор дека со тоа може да биде прекршен законот за авторски права.

“Ова е сосема нелогично и патетично. Зарем ако името Руни го носи познат фудбалер, не смее да биде запишано никаде? Не верувам дека Руни би се загрижил за ова“, изјави мајката.

Таа е огромен навивач на „Црвените Ѓаволи“, а од Ерик Кантона на раката има тетоважа. И двете деца ги крстила по играчи на Манчестер. Постариот се вика Андерсон, фудбалерот од средниот ред кој го напушти Олд Трафорд.

Џени има и две мачки кои се викаат Кантона и Бербатов, по бугарскиот репрезентативец кој исто така е поранешен член на Јунајтед.

15 април 2014 - 17:48