Хуманото срце на Џенаро Гатузо

Го критикуваат дека е многу груб спрема новинарите, дека е заебан спрема играчите на кои им мава заушки и перцепцијата за него е дека е секогаш намуртен и незадоволен. Ама ако му ги следите постапките, ќе забележите една многу човечна страна.

Кај Џенаро Гатузо всушност се крие една особина за поздравување, без разлика на која тренерска клупа седи. Ја докажуваат следниве четири факти со кој не може да се пофали секој некој колега:

- 2015 Офи Крит: Додека беше тренер во Грција, дел од својата плата ја даваше на играчите со најмали примања.

- 2016 Пиза: За време на клупската криза и помогна финансиски на управата.

- 2019 Милан: Кога си замина се откажа од оштета вредна 5,5 милиони евра кои му следуваа со раскинот на договорот кој му траеше до 2021-ва година.

Кога на извршниот директор на Милан, Иван Газидис му ја кажал намерата дека сака да си оди, Гатузо имал само едно барање кое не сакал ни случајно да биде спорно за решавање, а тоа е со неговата оштета да го спаси џебот на колегите.

„Ќе треба да им ги дадете сите плати на моите соработници од следниве две години кои им следуваат. Тоа се пари кои ќе им служат на тие професионалци за опстанок. Ако јас не најдам друг тренерски ангажман, тие ќе останат без работа, а јас тоа не сакам да го дозволам“.

- 2020 Наполи: Помогна со купување на амбулантно возило за потребите во борбата со коронавирусот и се откажа од дел од платата за да му излезе во пресрет на клубот.

16 јуни 2020 - 13:06